Хамас: Со посредување на Египет е постигнат прекин на огнот со Израел

Портпаролот на Хамас Февзи Берхум изјави дека напорите на Египет за постигнување на прекин на огнот меѓу Израел и палестинските групи беа успешни у дека прекинот на огнот стапи во сила

1170470
Хамас: Со посредување на Египет е постигнат прекин на огнот со Израел

Хамас соопшти дека со посредување на Египет е воспоставен прекин на огнот во Газа.

Портпаролот на Хамас Февзи Берхум во дадената изјава за Радиото глас на Акса на движењето истакна дека напорите на Египет за постигнување на прекин на огнот меѓу Израел и палестинските групи на отпорот беа успешни.

Берхум рече дека прекинот на огнот стапи во сила.

Инаку, израелската армија вчера вечер ги бомбардираше целите на Хамас на Појасот Газа кој е под блокада.

Откако вчера наутро една истрелана ракета од Појасот Газа падна врз една куќа во северниот дел на Тел Авив, израелските сили вчера од вечерните часови почнаа да ги бомбардираат целите на Хамас.

Локални извори соопштија дека била бомбардирана и канцеларијата на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Газа.

Очевидци пак, информираа дека израелски воени авиони бомбардирале една цел на Бригадите Изетин ел-Касам во северниот дел на Газа и некои земјоделски поседи во градовите Хан Јунус и Рефах.

Израелски воени авиони бомбардираа и некои места во маалото Ер-Римал во западниот дел на градот Газа и зградата на фирмата за осигурување и инвестирање Мултезим во централниот дел на градот Газа.



Слични вести