Хамас: Палестинскиот отпор го користи правото на одбрана на народот против агресивноста на Израел

Портпаролот на Хамас Хазим Касим рече: „Палестинскиот отпор ќе го искористи ова свое право. Наша должност е да го правиме тоа при секоја агресивност на Израел врз нашиот народ.“

1171061
Хамас: Палестинскиот отпор го користи правото на одбрана на народот против агресивноста на Израел

Хамас истакна дека палестинскиот отпор го користи правото на одбрана на народот против агресивноста на Израел.

Портпаролот на Хамас Хазим Касим рече: „Палестинскиот отпор ќе го искористи ова свое право. Наша должност е да го правиме тоа при секоја агресивност на Израел врз нашиот народ.“

Нагласувајќи дека Газа ќе го поврати своето право за слободен и достоинствен живот и ќе ја скрши блокадата на Израел, Касим упати пофалби за единството кое што го презентираа палестинските групи на отпорот против реализираните напади врз Газа.

Касим воедно привлече внимание и на поддршката што ја дава народот на палестинскиот отпор.

Една истрелана ракета од Газа вчера наутро падна врз една куќа во областа Шарон во северниот дел на Тел Авив и беа ранети 7 лица кои се наоѓале во погодената куќа.

Потоа израелската армија вчера во вечерните часови започна воздушни напади врз Газа.

Палестинските групи на израелските напади одговорија со ракети, по што повторно дојде до зголемување на затегнатоста во регионот.

Хамас вчера вечер во 22:00 часот според локално време соопшти дека под посредување на Египет е постигнат прекин на огнот во Газа, меѓутоа и покрај тоа израелските бомбардирања продолжија.

Откако продолжија израелските напади, продолжија да се истрелуваат и ракети од Газа врз Израел.

Од 06:00 утрово (според локално време) кога престанаа израелските напади досега нема информации за било какви напади врз Газа.

Како што се истакнува израелски авиони продолжуваат да летаат над областа.



Слични вести