Исмаил Ханије го предупреди Израел во однос на црвените линии на Палестина

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије се истакнува дека силите на отпорот располагаат со сила да му се спротивстават на Израел

1170478
Исмаил Ханије го предупреди Израел во однос на црвените линии на Палестина

Шефот на политичкото биро на Хамас Исмаил Ханије го предупреди Израел кој вчера вечер реализира воздушни напади врз Газа, во однос на црвените линии на Палестина.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на Ханије се истакнува дека силите на отпорот располагаат со сила да му се спротивстават на Израел.

Во соопштението се доставува предупредување до Израел „да не ги премине црвените линии“ и се вели следното: „Палестинското прашање е подложено на сеопфатен напад на фронтовите во Ерусалим (Кудс), Западниот Брег и Газа и на база на палестинските затвореници во затворите под окупација. Треба да се спротивставиме на овој напад во единство и со воспоставување на координација на високо ниво со нашите арапски браќа.“  

Инаку, израелските сили вчера вечер бомбардираа цели на Хамас на Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада.

Една истрелана ракета од Газа вчера наутро падна врз една куќа во областа Шарон во северниот дел на Тел Авив и притоа беа ранети 7 лица кои се наоѓале во погодената куќа.

Потоа израелската армија испрати дополнителни сили на своите единици во областа и ги затвори граничните премини Керм Ебу Салим и Бејт Ханун (Ерез) кон Газа.



Слични вести