Британски авион слета на погрешен аеродром

Софи Кук во интервјуто за ТВ-канал БиБиСи рече дека откако пилотот најавил дека се подготвуваат да слетаат на аеродромот на Единбург, сите помислиле дека тоа е шала.

1170510
Британски авион слета на погрешен аеродром

Еден авион на британската авиокомпанија на Бритиш ервејс наместо на аеродромот во Диселдорф слета на аеродромот во Единбург, главниот грд на Шкотска

Авионот кој полета од аеродромот на Лондон, како последица на погрешните податоци кои му беа дадени на пилотот, авионот наместо  во Германија слета во Шкотска.

Патниците за грешката дознаа дури кога пилотот ги извести дека се приближуваат кон Единбург. По 2.5 часовното чекање и снабдувањето со гориво, авионот повторно полета за Диселдорф кој се наоѓа на 800 км оддалеченост.

Во соопштението кое беше објавено од страна на авиокомпанијата беше истакнато дека за точно утврдување на причината на грешката соработуваат со компанијата ВДЛ Воздухопловство која го оствари овој лет за компанијата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на компанијата ВДЛ беше истакнато дека работат на откривањето на несреќната конфузија до која што дојде.

Софи Кук во интервјуто за ТВ-канал БиБиСи рече дека откако пилотот најавил дека се подготвуваат да слетаат на аеродромот на Единбург, сите помислиле дека тоа е шала.



Слични вести