Продолжува да расте бројот на жртвите од поплавите во Мозамбик

Министерот за земјиште и животна средина Келсо Кореиа изјави за новинарите дека во елементарната непогода животот го загубија 447 лица, а стотици лица се повредени

1170299
Продолжува да расте бројот на жртвите од поплавите во Мозамбик
mozambik.jpg
mozambik.jpg
mozambik.jpg
mozambik.jpg

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од циклонот и силните врнежи од дожд во јужноафриканската држава Мозамбик се зголеми на 447 лица.

Министерот за земјиште и животна средина Келсо Кореиа изјави за новинарите дека во елементарната непогода животот го загубија 447 лица, а стотици лица се повредени.

Кореиа рече дека бројот на лицата кои се засолнале во населбата од шатори поради циклонот Идаи достигна до 128 илјади.

Во циклонот Идаи и поплавите до кои што дојде пред две недели во Мозамбик беа погодени повеќе од 1 милион луѓе.

Од поплавите и силната бура беа оштетени 90 отсто од крајбрежниот град на Мозамбик, Беира.

Воедно беше соопштено дека во елементарната непогода 15 илјади лица се уште чекаат да бидат спасени.

 

Претседателот на Мозамбик Филипе Нјуси претходно во чест на загинатите поради циклонот и поплавите прогласи тридневна национална жалост во земјата.

 



Слични вести