Ким Јонг-ун најдоцна летово ќе ја посети Русија
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така ја потврди информацијата за посетата на Јонг-ун
1170321

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун најдоцна летово ќе ја посети Русија.
Руската новинска агенција РИА во веста која ја засноваше врз изјавата на рускиот пратеник Александер Башкин истакнува дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун на пролет или најдоцна на лето ќе допатува во псоета на Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така ја потврди информацијата за посетата на Јонг-ун и додаде:
„Дополнително ќе ве информираме за времето, местото и начинот на средбата“ рече Песков.
Претходниот лидер на Северна Кореја Ким Џонг-ил во текот на кариерата три пати ја посети Русија и тоа во 2001, 2002 и 2003 и оствари средби со претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев.