Бројот на починатите од епидемија на колера во Јемен од почетокот на годината достигна до 190 лица

Од почетокот на месец јануари до 17 март во Јемен биле евидентирани 108.889 случаи на заразени лица и во истиот период од епидемија на колера животот го загубиле 190 лица

1170367
Бројот на починатите од епидемија на колера во Јемен од почетокот на годината достигна до 190 лица

Бројот на починатите од епидемија на колера во Јемен од почетокот на годината досега достигна до 190 лица.

Во објавеното соопштение од Координаторството за Јемен при Обединетите нации (ОН) се истакнува дека две години по енормниот раст на епидемијата од колера во Јемен минатата недела се зголеми бројот на случаи на заразени лица од колера во оваа земја.

Во соопштението се вели дека од почетокот на месец јануари до 17 март биле евидентирани 108.889 случаи на заразени лица и дека во истиот период од епидемија на колера животот го загубиле 190 лица. 

Според Светската здравствена организација (СЗО) пак, епидемијата од колера која што го погоди Јемен од април 2017 година досега стана причина за смрт на над 2.500 лица, додека досега се доставени информации за 1,2 милиони случаи на заразени од колера. 

 

 

 

 



Слични вести