Билансот на жртвите поради циклонот во Мозамбик, Зимбабве и Малави се искачи на над 700 лица

Бројот на загинатите во циклонот Идаи кој ги зафати Мозамбик, Зимбабве и Малави на југот на Африка се зголеми на над 700 лица

1169488
Билансот на жртвите поради циклонот во Мозамбик, Зимбабве и Малави се искачи на над 700 лица

Бројот на загинатите поради поплавите предизвикани од циклонот и силните врнежи од дожд кои што ги погодија Мозамбик, Зимбабве и Малави, во јужна Африка се зголеми на над 700 лица.

Министерот за земјиште и животна средина на Мозамбик  Келсое Кореиа соопшти дека бројот на загинатите во циклонот Идаи во Мозамбик изнесува над 417 лица.

Поради циклонот во Зимбабве загинаа 259 лица, а во Малави 56 лица.

Додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување, се дијагностицирани симптоми на треска и колера кај десетици илјади  лица.

Во циклонот Идаи и поплавите до кои дојде минатата недела во Мозамбик, Зимбабве и Малави беа погодени 1,7 милиони лица од кои половината деца.

Претседателот на Мозамбик Филипе Нјуси претходно во чест на загинатите поради циклонот и поплавите прогласи тридневна национална жалост во земјата.



Слични вести