Во воздушен напад врз цивилни населени места во Идлиб загинаа најмалку 10 лица

Руски воени авиони реализираа жесток воздушен напад врз цивилни населени места во подрачјето на градот Идлиб во Сирија во кој според првични претпоставки загинаа најмалку 10 лица, а 28 мина се ранети

1169204
Во воздушен напад врз цивилни населени места во Идлиб загинаа најмалку 10 лица

Во реализиран воздушен напад врз цивилни населени места во границите на "областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб" во Сирија, според првични претпоставки животот го загубија 10 цивили.

Вчера приквечер беше реализиран жесток воздушен напад на населбите Фуа и Кеферја и населеното место Хан Шејхун во северниот дел на Идлиб.

Според извори за цивилна одбрана (Белите беретки), во овој жесток воздушен напад загинаа 10 цивили, а 28 мина беа ранети.

Воедно и Опсерваторијата за авиони на опозиционерите на својата сметка на социјалната медија ја сподели информацијата во која се вели дека 5 руски воени авиони кои полетаа од базата Химејмим во Латакија реализираа воздушни напади на населбите Фуа и Кеферја и на населеното место Хан Шејхун.

Екипите за цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите.



Слични вести