Името на главниот град на Казахстан Астана, променето во Нур-Султан

Новиот претседател на Казахстан го ратификува законот со кој името на главниот град Астана е променето во Нур-Султан

1169318
Името на главниот град на Казахстан Астана, променето во Нур-Султан

Новиот претседател на Казахстан Касим Жомарт Токаев кој ја презеде должноста од Нурсултан Назарбаев кој неодамна поднесе оставка, го ратификува законот кој предвидува промена на името на главниот град на државата Астана во Нур-Султан.

Во објавеното соопштение од претседателството се истакнува дека претседателот Токаев го ратификува законот кој предвидува името на главниот град Астана да биде променето во Нур-Султан.

Инаку, откако досегашниот претседател на државата Нурсултан Назарбаев на 19 март поднесе оставка на должноста, нов претседател стана претседателот на Сенатот Касим Жомарт Токаев кој предложи главниот град да ги носи името на Назарбаев.

Парламентот на Казахстан го поддржа овој предлог на новиот претседател Токаев и го усвои неопходниот закон за оваа промена.



Слични вести