Во знак на поддршка на муслиманите езанот беше емитуван во живо на јавните емитери во Нов Зеланд

Државната телевизија на Нов Зеланд „ТВНЗ“ и радиото „РНЗ“ го емитуваа езанот (повикот за клањање намаз-молитва) во живо, а потоа им беше оддадена почит со двоминутно молчење на жртвите во терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч

1168644
Во знак на поддршка на муслиманите езанот беше емитуван во живо на јавните емитери во Нов Зеланд

Првиот џума намаз (петочната молитва) во Нов Зеланд по извршениот терористички напад на двете џамиите во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кој животот го загубија 50 лица муслимани, а 50 мина беа ранети; во знак на поддршка на муслиманите, се одржа со емитување на езанот (повикот за клањање намаз-молитва) во живо на државните медиуми „Радиото на Нов Зеланд (РНЗ)“ и „Телевизијата на Нов Зеланд (ТВНЗ)“.

Во сите градови на Нов Зеланд се одржаа церемонии во знак на сеќавање и оддавање почит кон жртвите од терористичкиот напад на двете џамии во Крајстчерч „Ал Нур“ и „Линвуд“.

Државната телевизија на Нов Зеланд „ТВНЗ“ и радиото „РНЗ“ го емитуваа езанот (повикот за клањање намаз-молитва) во живо, а потоа им беше оддадена почит со двоминутно молчење на жртвите во терористичкиот напад.

На џума намазот (петочната молитва) што се клањаше на паркот Хаглеј во Крајстчерч учествуваше и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн чии изјави по терористичкиот напад, мерките кои што ги презеде и топлиот и срдечен приод кон граѓаните од муслиманска вероисповед беа дочекани со благодарност.

Премиерката Џасинда Ардерн својот кус говор пред клањање на џума намаз го започна со читање на еден хадис, и рече: „Пејгамберот Мухамед кажа: Верниците во својата љубов, милост и добрина помеѓу себе се како едно тело: ако еден дел од него трпи болка, целото тело трпи, чувствува болка. Нов Зеланд е со вас. Ние сме едно во жалоста.“

Езанот (повикот за клањање намаз-молитва) го читаше имамот на џамијата „Линвуд“ Алаби Латеф Зирулах, а потоа худбата (предавање кое се одржува за време на џума намаз-петочната молитва) ја одржа имамот на џамијата „Ал Нур“, Џамал Фуда кој ѝ се заблагодари на премиерката Џасинда Адерн, Владата и на граѓаните на Нов Зеланд за нивната поддршка.

Нагласувајќи дека тероризмот нема своја боја на кожата, религија и нација (расна припадност), Фуда рече: „ Покажавме дека Нов Зеланд е непобедлив. Светот кај нас може да го види примерот на љубовта и единството. Срцето ни е скршено, но ние не сме скршени (не сме поразени)“.

На церемониите кои што се одржаа во целата земја, на повик на премиерката Џасинда Ардерн, голем број жени од Нов Зеланд во знак на подршка на муслиманите, носеа шамии (марами).



Слични вести