Во судир на два патнички автобуси во Гана загинаа најмалку 60 лица

Во западноафриканската држава Гана се случи тешка сообраќајна несреќа кога при судир на два патнички автобуси според првични претпоставки животот го загубија 60 лица, а голем број лица се ранети

1168904
Во судир на два патнички автобуси во Гана загинаа најмалку 60 лица

Во судир на два патнички автобуси во западноафриканската држава Гана, според првични претпоставки животот го загубија 60 лица.

Националниот печат соопшти дека на магистралниот пат Акра-Кинтампо во областа Бронг-Ахафо се судриле два патнички автобуси.

Во оваа тешка сообраќајна несреќа според првични претпоставки животот го загубија 60 лица, а има и голем број ранети.

Ранетите биле пренесени на лекување во околните болници.

Надлежни стравуваат од зголемување на бројот на загинатите.



Слични вести