Реакција на скандалозната изјава на Трамп во врска со Голанските висорамнини пристигна и од ОН

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), во врска со скандалозната изјава на Трамп рече: „Стоиме зад сите резолуции на ОН по ова прашање.“

1168478
Реакција на скандалозната изјава на Трамп во врска со Голанските висорамнини пристигна и од ОН

На последната скандалозна изјава на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Голанските висорамнини кои се наоѓаат под израелска окупација, пристигна реакција и од Обединетите нации (ОН). 

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), во врска со изјавата на Трамп рече: „Стоиме зад сите резолуции на ОН по ова прашање.“

Американскиот претседател во изјавата што ја објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „По изминати 52 години дојде времето САД да го признаат целосниот суверенитет на Израел над Голанските висорамнини."

Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН под број 497 донесена во 1981 година се противи на окупацијата на Голанските висорамнини од страна на Израел и во оваа резолуција се вели следното: „Одлуката на Израел за применување на сопствените закони, судството и сопствената управа на окупираните Голански висорамнини е неважечка и нема никаква валидност од аспект на меѓународното право.“

Инаку, Голанските висорамнини кои и припаѓаат на Сирија од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.



Слични вести