Бројот на загинатите при превртување на траект во Мосул во Ирак се зголеми на 71 лице

Во објавеното писмено соопштение од ирачкото Министерствза внатрешни работи се истакнува дека по случајот со превртување на траект во реката Тигар во Мосул во Ирак досега се извлечени мртвите тела на 71 лице

1168350
Бројот на загинатите при превртување на траект во Мосул во Ирак се зголеми на 71 лице

Бројот на загинатите при превртување на траект во градот Мосул во Ирак се зголеми на 71 лице.

Во објавеното писмено соопштение од ирачкото Министерствза внатрешни работи се истакнува дека по случајот со превртување на траект во реката Тигар во Мосул во Ирак досега се извлечени мртвите тела на 71 лице.

Во сопштението се вели дека во рамките на активностите за пребарување и спасување се спасени 55 лица од кои 19 деца и дека на траектот се наоѓале поголем број лица од капацитетот на превезување.

Локални извори тврдат дека капацитетот на превртениот траек изнесувал 50 лица.

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди издаде директива за поведување на итна истрага во врска со несреќата.

Во објавеното писмено соопштение од владиниот кабинет се истакнува дека премиерот Абдулмехди го следи одблизу случајот во кој при превртување на траект во Мосул животот го загубија голем број цивили и дека издал директива да се покрене итна истрага во врска со несреќата.



Слични вести