Меркел барањето на Меј за одложување на Брегзит го обуслови со гласањето во британскиот Парламент

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека доколку британскиот Парламент следната недела се изјасни позитивно за договорот за разделба, во принцип би можело да биде исполнето барањето на Меј за кратко одложување на Брегзит

1168060
Меркел барањето на Меј за одложување на Брегзит го обуслови со гласањето во британскиот Парламент

Германската канцеларка Ангела Меркел во своето обраќање во Федералниот Парламент (Бундестагот) пред да замине за Брисел на дводневниот самит на ЕУ кој што почнува денеска, истакна дека во последните недели се презафатени со тоа како Велика Британија ќе се оддели од Европската унија (ЕУ), односно како ќе се оствари Брегзит.

Таа напомена дека на 8 дена пред 29 март за кога се предвидува да се оствари разделбата, се уште не е дадено јасен одговор на ова прашање, а воедно потсети дека британската премиерка Тереза Меј побарала одложување на Брегзит за 30 јуни 2019 година и дека денеска ќе се разговара интензивно за ова прашање, со лидерите на останатите 27 земји членки на Европската унија (ЕУ).

„Следната недела, доколку британскиот Парламент се изјасни позитивно за договорот за разделба, во принцип би можеле да го исполниме ова барање. Меѓутоа, во врска со 30 јуни кој што е конкретен датум, треба да го земеме во предвид тоа дека на крајот на мај ќе се одржат и изборите за Европскиот парламент (ЕП).“ - рече Меркел.

Германската канцеларка нагласи дека доколку во британскиот Парламент не се добие позитивен резултат во врска со Брегзит и не се одржи гласање, ќе се утврди и тоа дали Советот на Европската унија (ЕУ) ќе одржи или нема да одржи друг состанок во врска со датумот на Брегзит.

Велејќи дека лично верува оти Велика Британија треба да се оддели од Европската унија (ЕУ) со договор, Меркел повтори дека тоа е во интерес не само на Велика Британија, туку и на Германија и на останатите 27 земји кои ќе останат во Унијата.

Таа рече дека треба да се работи за Брегзит со договор, но дека тие се подготвени и за Брегзит без договор.

Ангела Меркел додаде дека нејзината земја независно од Брегзит, ќе биде во блиска соработка со Велика Британија.



Слични вести