Доналд Туск: „Верувам дека Британија ќе може да добие дополнително време за Брегзит“

За продолжување на датумот на Брегзит потребна е ратификација на договорот од страна на 27 земји членки на ЕУ

1167738
Доналд Туск: „Верувам дека Британија ќе може да добие дополнително време за Брегзит“

Претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск во врска со дополнителното време за Британија рече:

„Верувам дека под услов Долниот дом на Британија го ратификува договорот Брегзит, Британија ќе може да добие дополнително време за Брегзит“.

На прес конференцијата во Брисел, Туск потсети дека британската премиерка Тереза Меј од ЕУ бараше Брегзит да се одложи до 30 јуни.

Датумот 30 јуни кој што го предложи британската премиерка Меј во суштина може да предизвика правни и политички проблеми од аспект на изборите за Европскиот парламент, рече Туск потенцирајќи дека прашањето ќе биде разгледано на денешниот Самит на лидерите на ЕУ што ќе се одржи во Брисел.

„Под услов Долниот дом на Британија да го ратификува договорот Брегзит, верувам дека ќе може накратко да се продолжи Брегзит“ рече Туск.

За продолжување на датумот на Брегзит потребна е ратификација на договорот од страна на 27 земји членки на ЕУ.

Инаку Британија која пред две години го започна процесот за одвојување на Обединетото Кралство од ЕУ – Брегзит, на 29 март се очекува официјално да се одвои.



Слични вести