Во петок ќе им се оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Во петок во Нов Зеланд ќе им се оддаде почит со двоминутно молчење на жртвите во терористичкиот напад во градот Крајстчерч, поради што новозеландската премиерка Ардерн посакала од жените во знак на солидаризација со муслиманите да носат шамија (хиџаб)

1167145
Во петок ќе им се оддаде почит на жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн истакна дека во петокот во целата земја ќе им се оддаде почит со двоминутно молчење за загинатите во терористичкиот напад на 15 март на две џамии во градот Крајстчерч.

Според вестите објавени во локалниот печат, во петок во Нов Зеланд ќе им се оддаде почит со двоминутно молчење на жртвите во терористичкиот напад во градот Крајстчерч, поради што новозеландската премиерка Џасинда Ардерн посакала од жените во знак на солидарност со муслиманите да носат шамија (хиџаб). 

Укажувајќи на тоа дека постојат прашања кои што ја налагаат потребата светските лидери по терористичкиот напад да делуваат заедно по прашањето на социјалните медиуми, Ардерн напомена дека одредени проблеми со кои што се соочуваме на социјалните медиуми не можат да се решат на база на случаи.

Џасинда Ардерн рече: „Тоа не претставува прашање само на Нов Зеланд. Факт е дека платформите на социјалните медиуми се користат за поттикнување и ширење на насилството. Она што е потребно е сите да се обединиме во ист фронт.“

Инаку, во извршениот терористички напад на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч, на Јужниот остров на Нов Зеланд, животот го загубија 50 лица, а десетици лица беа ранети од кои некои потешко.

 



Слични вести