Трамп најави целосна поддршка на членството на Бразил во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека ќе даде целосна поддршка на зачленувањето на Бразил во НАТО

1166779
Трамп најави целосна поддршка на членството на Бразил во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Белата куќа и во оваа пригода напрви проценка на односите помеѓу САД и Бразил.

Трамп укажа на тоа дека воените односи со Бразил бележат сериозен развој и соопшти дека ќе даде целосна поддршка на зачленувањето на оваа земја во НАТО.

"Односите помеѓу двете земји се мошне значајно и добри", нагласи Трамп и напомена дека ќе продолжат да го поддржуваат Бразил во секоја сфера и дека билатералните односи помеѓу двете земји се посилни од било кога досега.

Освен тоа, американскиот претседател Доналд Трамп додаде дека дава јасна поддршка и на амбициите на Бразил за зачленување во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 36 развиени земји од Европа, Северна Америка и Азија, како и јужноамериканската држава Чиле.

Од друга страна, претседателот на САД Доналд Трамп даде изјава и по прашањето на Венецуела при што во врска со ситуацијата во оваа земја ја повтори својата претходна изјава во однос на тоа дека „се наоѓаат на маса сите опции“.



Слични вести