Коалиционите сили предводени од САД од 2014 година досега во Сирија убија 3 илјади 35 цивили

Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) се истакнува дека во нападите на коалиционите сили предводени иод САД од септември 2014 година досега во Рака и Деир ез-Зор во Сирија, загинаа вкупно 3 илјади 35 цивили, од кои 924 деца, а 656 жени

1167342
Коалиционите сили предводени од САД од 2014 година досега во Сирија убија 3 илјади 35 цивили

Коалиционите сили предводени од САД од 2014 година досега во Сирија убија 3 илјади 35 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објави извештај во врска со цивилните загуби за кои станале причина коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) кои под изговор дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ, во сепетември 2014 година интервенираа во граѓанската војна во Сирија. 

Во извештајот се употребува изразот: „Во нападите реализирани од страна на коалицијата од септември 2014 година досега во градовите Рака и Деир ез-Зор загинаа вкупно 3 илјади 35 цивили, од кои 924 се деца, а 656 жени.“

Во извештајот се истакнува дека 32 отсто од цивилните загуби се случиле за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама и стои следното: „Нападите за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп се реализирани 'хаотично и случајно, без цел'“.

Освен тоа, според извештајот, во времето на мандатот на Трамп за прв пат се извршени 5 напади со бомби со бел фосфор, чија употреба како оружје е забранета.

Извршени се и напади на 182 објекти како што се училишта, џамии, здравствени установи и кампови во градовите Рака и Деир ез-Зор.

Во реализираните напади на овие видови наведени објекти беа погодени 25 училишта и 15 здравствени установи, поради што 560 илјади цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.



Слични вести