Билансот на жртвите од поплавите и циклонот во Мозамбик достигна до 200 лица

Продолжува да расте билансот на жртвите во поплавите и циклонот кои што го опустошија југоисточниот дел на Африка и според последни добиени информации бројот на загинатите во Мозамбик достигна до 200 лица

1167265
Билансот на жртвите од поплавите и циклонот во Мозамбик достигна до 200 лица

Бројот на загинатите поради поплавите и циклонот кои што го зафатија Мозамбик достигна до 200 лица.

Во објавеното соопштение од функционери на Обединетите нации (ОН) се истакнува дека силниот ветар чија брзина достигнува до 170 километри на час и поплавите го опустошија југоисточниот дел на Африка, а поготово Зимбабве и Мозмбик и дека од елементарната непогода се погодени повеќе од 2,6 милиони долари.

Екипите за спасување ги продолжуваат активностите во погодените подрачја за да стигнат до жртвите и загрозените.

Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина соопшти дека само во Мозамбик останале без своите домови најмалку 400 илјади лица.



Слични вести