САД продолжуваат да ја наоружуваат сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК
Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) на 12 март соопшти дека од одбранбениот буџет за 2020 година за операциите во Сирија и се одделени на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК вкупно 550 милиони долари

И покрај тоа што е ставено крај на присуството на терористичката организација ДЕАШ, внимание привлече тоа што во одбранбениот буџет на САД за 2020 година е одделена голема количина муниција која што ќе се употребува во подготвување на бомби од рачна изработка, наменета за сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Со одделување на една ваква голема количина муниција за ЈПГ/ПКК ја изнесе опасноста оваа терористичка организација да реализира нови напади на областите Африн, Азез, Баб и Џераблус.
Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) на 12 март соопшти дека од одбранбениот буџет за 2020 година за операциите во Сирија и се одделени на ЈПГ/ПКК вкупно 550 милиони долари и ги сподели деталите во врска со делот од 250 милиони долари од наведената сума.
Во извештајот во врска со буџетот, беше согледано дека на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК и е одделен фонд за поддршка во висина од 300 милиони долари.