Новозеландската премиерка Ардерн: Никогаш нема да го споменам името на терористот

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн истакна дека нема никогаш да го спомене името на лицето кое го изврши терористичкиот напад во Крајстчерч и рече: „Тој е терорист. Криминалец. Екстремист. Затоа никогаш нема да слушнете да го споменам неговото име.“

1166494
Новозеландската премиерка Ардерн: Никогаш нема да го споменам името на терористот

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн истакна дека никогаш нема да го спомене името на лицето кое го изврши терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во кој животот го загубија 50 лица.

Според веста на „BBC“, Ардерн во говорот што го доржа пред Парламентот рече: „Со овој терористички напад беше во потрага по многу работи, а едната од нив беше лошата слава. Затоа, никогаш нема да слушнете да го споменам неговото име.“

Ардерн исто така бараше од пратениците наместо името на терористот да ги изговараат (споменуваат) имињата на убиени лица во терористичкиот напад и додаде: „Тој е терорист. Криминалец. Екстремист. Кога ќе зборувам за него, тој ќе биде без име.“

Ардерн истакна дека се во комуникација со Фејсбук, и дека се информирани за напорите за отстранување на видеото од терористичкиот напад, а исто така ја изрази и својата разочараност што видеото сѐ уште го има на интернет.

Новозеландската премиерка укажа на тоа дека платформите каде што се емитува видеото, „не се поштари, туку медиуми“ и дека затоа треба да се однесуваат одговорно.

Освен тоа Џасинда Ардерн нагласи дека измените на Законот за оружје во Нов Зеланд ќе бидат објавени во рок од 10 дена и дека се води истрага во врска со неуспехот на разузнавачките и безбедносните служби да го утврдат ризикот од терористичкиот напад.

Инаку, внимание привлече тоа што новозеландската премиерка која во Парламентот се состана и со лидерите на муслиманската заедница, ги поздрави со зборовите „Селамун Алејкум“. 

Во меѓувреме, се забележува дека животот во Крајстчерч се нормализира и дека улиците во близина на болницата каде што се лекуваат ранетите кои го преживеаја нападот по четири дека се отворени за сообраќај. 

Синоќа, повеќе од илјада ученици од различни училишта и области се собраа во паркот наспроти џамијата „Нур“.

Учениците се собраа во паркот на зајдисонце, запалија свеќи за жртвите и испеаја традиционална маорска песна.

Инаку, во извршениот терористички напад на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд животот го загубија 50 лица, а десетици лица беа ранети од кои некои потешко.

 



Слични вести