Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев поднесе оставка

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во своето специјално обраќање до народот преку државните телевизиски канали истакна дека донел една многу тешка одлука за него самиот и рече: „Како претседател одлучив да се разрешам од моите овластувања.“

1166702
Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев поднесе оставка

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев го потпиша указот со кој што се саморазраши од претседателската функција.

Назарбаев во своето специјално обраќање до народот преку државните телевизиски канали истакна дека донел една многу тешка одлука за него самиот и рече: „Како претседател одлучив да се разрешам од моите овластувања.“

Нурсултан Назарбаев напомена дека до завршување на останатиот дел од неговиот мандат претседателската должност ќе му биде предадена на претседателот на Сенатот Касим Јомарт Токаев и дека церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател ќе се одржи утре во Парламентот.

По ова свое специјално обраќање до народот, казахстанскиот претседател Назарбаев го потпиша указот во врска со неговата одлука за саморазрешување од својата претседателска должност заклучно со 20 март.

Актуелниот претседател на Сенатот Касим Јомарт Токаев кој ќе ја преземе должноста претседател на државата од Назарбаев утре со полагање заклетва во Парламентот ќе остане на должност до 2020 година.

Инаку, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев кој денеска изненадно поднесе оставка е роден на 6 јули 1940 година во населеното место Каскелен во Казахстан.

Во 1989 година беше избран за прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Казахстан, а на одржаните претседателски избори на 1 декември 1991 година освојувајќи 98,7 отсто од гласовите на бирачите беше избран за претседател на Казахстан.

Претседателскиот мандат на Назарбаев во нормални услови му истекуваше во 2020 година.

Нурсултан Назарбаев беше во својот петти претседателски мандат и речиси 30 години како се наоѓа на власт.



Слични вести