Вооружен напад во холандскиот град Утрехт

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата сè уште трага по напаѓачот, а во пукањето можно е да учествувале и повеќе лица

Вооружен напад во холандскиот град Утрехт

Во холандскиот град Утрехт е извршен вооружен напад.

Според добиени информации во нападот има голем број ранети лица.

Трамвајската станица и околината, биле земени под безбедносен обрач.

Холандската полиција соопшти дека можно е да станува збор за терористички напад.

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата сè уште трага по напаѓачот, а во пукањето можно е да учествувале и повеќе лица.

Инцидентот се случил во близина на плоштадот „24 Oктомври“.



Слични вести