Притворено уште едно лице во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд

Според вестите објавени во локалниот печат, едно младо 22-годишно лице кое било притворено во рамките на истрагата во врска со терористичкиот напад во петокот се обвинува за прекршување на Законот за класификација на видео филмови и емиси

1165223
Притворено уште едно лице во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд

Притворенo уште едно лице поврзано со споделување на социјалните медиуми на снимките од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.

Според вестите објавени во локалниот печат, едно младо 22-годишно лице кое било притворено во рамките на истрагата во врска со терористичкиот напад во петокот се обвинува за прекршување на Законот за класификација на видео филмови и емисии.

Полицијата не објави соопштение во врска со идентитетот на лицето кое денеска ќе биде изнесено пред суд и за кривичното дело кое што го извршило.

Инаку, видео снимките од терористичкиот напад на двете џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Карјстчерч во Нов Зеланд беа споделени на социјалните платформи Фејсбук, Јутјуб и Твитер.

Фејсбук соопшти дека ги во првите 24 часа по нападот биле отстранети од платфопрмата 1,5 милиони фидео снимки ширум светот, а 1,2 милиони од нив биле блокирани во текот на нивното поставување на платформата.

Јутјуб и Твитер исто така ветија дека ќе ги отстранат видео снимките од терористичкиот напад, од своите платформи.

Инаку, во извршениот терористички напад на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд животот го загубија 50 лица, а десетици лица беа ранети од кои 20 потешко.



Слични вести