Бројот на жртвите во циклонот на границата помеѓу Зимбабве и Мозамбик се искачи на 65 лица

Џошуа Сако, членот на собранието на областа Чиманимани, истакна дека бројот на жртвите поради поројните врнежи од дожд и тропскиот циклон кои што владеат во областа од 31 лица, се зголеми на 65 лица, а голем број лица се водат како исчезнати

1165573
Бројот на жртвите во циклонот на границата помеѓу Зимбабве и Мозамбик се искачи на 65 лица

Бројот на жртвите поради силните врнежи од дожд и тропскиот циклон кои што ја зафатија областа на границата помеѓу Зимбабве и Мозамбик се зголеми на 65 лица.

Џошуа Сако, членот на собранието на областа Чиманимани, истакна дека бројот на жртвите поради поројните врнежи од дожд и тропскиот циклон кои што владеат во областа од 31 лица, се зголеми на 65 лица.

Велејќи дека стотици куќи во областа се срушени и дека се оштетени и патиштата и мостовите, Сако рече дека исто така голем број лица се водат како исчезнати.

Џошуа Сако информира дека поради силните врнежи од дожд и циклонот биле погодени милиони лица и дека активностите за пребарување и спасување во погодената област продолжуваат.

Од друга страна, во објавеното соопштение од страна на Министерството за информации на Зиммабве на својата сметка на социјалната мрежа Твитер се вели следното: „Претседателот Емерсон Мнангагва за доставување директна помош на загрозените од циклонот ја прекина својата посета на Обединетите Арапски Емирати и се вртаи во земјата.“

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од Метеоролошката служба на Зимбабве се истакнува дека силните врнежи од дожд ќе траат до вторникот (утре).



Слични вести