Во последните напади во Авганистан загинаа 28 лица од кои 20 припадници на безбедносните сили

Во последните реализирани напади во различни делови на Авганистан загинаа 28 лица од кои 20 припадници на безбедносните сили, а голем број лица беа ранети

1165187
Во последните напади во Авганистан загинаа 28 лица од кои 20 припадници на безбедносните сили

Талибан реализира напад на полициската станица во населеното место Кајсар во провинцијата Фарјаб во северниот дел на Авганистан во кој загинаа 22'јца припадници на безбедносните сили.

Според изјавите на авганистански функционери, по реализираниот напад на талибанските милитанти на полициската станица во областа Еркелил кај населеното Место Кајсар, дошло до вооружен судир.

Во судирот кој што траел долго време животот го загубиле 22'јца припадници на авганистанските безбедносни сили.

Безбедносните сили пак, соопштија дека во судирот биле убиени 11 членови на Талибан, а 20 мина биле ранети.

Од друга страна, Талибан наведува дека биле заробени и четворица припадници на безбедносните сили.

Во областа биле испратени голем број безбедносни сили.

Во меѓувреме, во реализирани бомбашки напади во различни провинции на Авганистан животот го загубија 8 лица од кои тројца војници.

Портпаролот на губернијата Газне Мухамед Ариф Нури во дадената изјава за печатот истакна дека во областа Кази Кале во моментот на поминување на војниците била експлодирана бомба поставена на крајот на патот.

Нури рече дека во нападот загинале тројца војници, а тројца војници биле ранети.

Во објавеното соопштение од болницата во Газне пак, се вели дека во нападот биле ранети и двајца цивили.

Во експлозија на бомба поставена во еден двор во населеното место Аргандаб во провинцијата Кандахар исто така загинале 4 лица.

Началникот на полицијата во Кандахар Тадин Хан соопшти дека меѓу загинатите се наоѓал командантот за јавен ред и безбедност во Кандахар Хаџи Зумараи и дека во врска со случајот е започната истрага.

Во населеното место Хогјани во провинцијата Нангархар пак, во експлозија на поставена бомба во еден пазар животот го загуби едно лице, а 5 лица беа ранети од кои четворица чувари.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.



Слични вести