Терористот извршител на нападот на двете џамии во Нов Зеланд Брентон Тарант, австралиски државјанин

Терористот моментот на бруталниот вооружен напад што го изврши со пет полуоавтоматски оружја го емитуваше во живо преку социјалната медија

1164573
Терористот извршител на нападот на двете џамии во Нов Зеланд Брентон Тарант, австралиски државјанин

Расистичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд го изврши 28-годишниот Брентон Тарант, државјанин на Австралија.

Терористот моментот на бруталниот вооружен напад што го изврши со пет полуоавтоматски оружја го емитуваше во живо преку социјалната медија. 

На објавената видео снимка се гледа дека терористот нападот го извршува слично на компјутерските игри и веднаш откако влегува од вратата на џамијата почнува да пука наоколу.

Се гледа дека неколку пати го менува шаржерот на оружјето.

На оружјата се гледа дека се напишани имињата на лица кои досега извршиле напади врз муслиманите во голем број други места низ светот.

Терористот беше фатен од страна на новозеландската полиција во неговото возило со кое се обидувал да избега.

Како што се дознава терористот нападот го испланирал пред две години и пред да го изврши овој масакр објавил манифест на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Терористот Брентон Тарант во овој негов манифест пишува дека бил инспириран од Андерс Бревик кој во 2011 година во Норвешка уби 77 лица.

По извршениот брутален напад Твитер и Фејсбук ги блокираа сметките на терористот Тарант.



Слични вести