Скандалозни изјави од екстремно десничарскиот сенатор на Австралија Фрејзер Енинг

Австралискиот сенатор Фрејзер Енинг најпрвин истакна дека е против секој вид на насилство, но потоа за масакрот во двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд ги обвини муслиманите и мигрантската програма

1164582
Скандалозни изјави од екстремно десничарскиот сенатор на Австралија Фрејзер Енинг

Независниот сенатор од сојузната држава Квинсленд во Австралија Фрејзер Енинг, по терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кој животот го загубија 49 лица фрли потпис на скандалозни изјави.

Енинг најпрвин истакна дека во целост е против секој вид на насилство, а потоа рече: "Вистинската причина поради тоа што денеска на улиците на Нов Зеланд се пролева крв, пред се е мигрантската програма која им дозволува на фанатизираните муслимани да мигрираат во Нов Зеланд."

Енинг во своите изјави упати тешки и навредливи зборови на чија мета беа поставени муслиманите и Исламот.

Овие расистички реторики на австралискиот сенатор наиде на големи реакции.

Премиерот на Австралија Скот Морисон на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која го осуди сенаторот Фрејзер Енинг.

Морисон во објавата напиша: "Одвратно е тоа што сенаторот Фрејзер Енинг одговорноста за крвавите напади на еден ѕверски, десничарски, екстремистички терорист ја препишува на миграцијата. За овие погледи не само во австралискиот Парламент, нема место во Австралија."

Австралискиот премиер Скот Морисон нагласи дека и Нов Зеланд исто како и Австралија е домаќин на луѓе од сите верувања, култури и од секакво минато.

Морисон рече: "Во ниту една наша земја апсолутно нема место за нетолеранцијата и гневот кои што го хранат ова екстремистичко терористичко насилство. Го осудуваме тоа."



Слични вести