Вооружени напади врз две џамии во Нов Зеланд

Премерката Ардерн рече дека во „нападот загинаа 40 лица, 48 се повредени од кои 28 потешко“

1163981
Вооружени напади врз две џамии во Нов Зеланд

Во вооружениот напад на џамиите  во Крајстчерч во Нов Зеланд во кои муслиманите клањаа петочен намаз, загинаа најмалку 49 лица.

Јацинда Ардерн премиерката на Нов Зеланд на прес конференцијата одржа прес конференција во врска со нападот.

Ардерн рече дека во „нападот загинаа 40 лица, 48 се повредени од кои 28 потешко“.

„Земјата се соочува со невиден напад во историјата“ рече Ардерн и додаде дека напаѓачите не се наоѓаат на листата на осомничени.

Во меѓувреме, огнот што беше отворен врз џамијата во Хагли паркот во Крајстчерч беше емитуван во живо на социјалните медиуми од страна на напаѓачот.

За време на нападот во џамијата се наоѓаа околу 200 муслимани кои о клањаа петочниот намаз.

Во врска со нападот беа уапсени 4 лица од кои 3 машки.

Веднаш по нападот училиштата во подрачјето беа евакуирани, додека од граѓаните се бараше да се држат далеку од џамиите. Локалните власти на џамиите им издадоа инструкција да ги затворат вратите.



Слични вести