Светот остро ги осудува терористичките напади на двете џамии во Нов Зеланд

Од сите страни на светот пристигнуваат изјави со кои остро се осудуваат терористичките напади на две џамии во градот Крајстчерч во Нова Зеланд

1164223
Светот остро ги осудува терористичките напади на двете џамии во Нов Зеланд

Од целиот свет пристигнуваат изјави со остра осуда против вооружените напади на две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кои животот го загубија 49 лица, а десетици лица се ранети.

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини во дадената изјава во врска со нападите рече. „Го изразуваме нашето сочувство до загинатите во терористичките напади во Нов Зеланд. Извршените напади врз местата за богослужба, се извршени напади врз сите нас.“ 

Претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Кукавичкиот напад во Крајстчерч никогаш нема да му наштети на толерантниот и умерениот став на Нов Зеланд.“

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Антонио Тајани изјави: „Човек останува без зборови пред снимките кои што доаѓаат од терористичките напади во Нов Зеланд. Цел на расистичкиот гнев и лудоста беа невини луѓе кои ја вршеа својата богослужба (се молеа) во џамија.“  

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во споделената порака на Твитер истакна дека остро ги осудува терористичките напади на двете џамии во нов Зеланд.

Рускиот претсеадтел Владимир Путин по повод терористичките напади испрати порака со сочувство до новозеландската премиерка Јасинда Ардерн.

Путин во својата порака напиша: „Нападот врз цивили кои се собрале за богослужба (ибадет-молење), со одвратност и немилосрдност, предизвикува шок. Се надевам да ја добие заслужената казна секој оној кој е замешан во ова злосторство.“

Изразувајќи сочувство во име на Русија до блиските и роднините на загинатите, Путин истакна дека исто така изразува желба за побрзо оздравување на ранетите.

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт на својата сметка на социјалната медија го сподели соопштението во име на канцеларката Ангела Меркел.

Во соопштението Меркел истакнува дека е потресена поради терористичкиот напад што се случи во Нов Зеланд и вели: „Во жалост сум поради расистичкиот гнев врз џамијата во Нов Зеланд каде што се врши богослужба во мир и спокојство. Стоиме еден покрај друг против овој вид терор.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас пак во објавеното соопштение на Твитер истакна дека стојат покрај Нов Зеланд и жртвите од теророт.  

„Ѕверскиот терористички напад ги погоди муслиманите кои вршеа богослужба во мир и спокојство и клањаа намаз. Ако човекот се убива само поради неговото верско убедување, тогаш значи дека овој напад е извршен врз сите нас. Ние сме на страната на загинатите. Остани силен Нов Зеланд.“

 



Слични вести