Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

Американскиот државен серкетар Мајк Помпео во објавеното писмено соопштение истакна дека сите дипломати на САД кое се наоѓаа во Венецуела ја напуштија оваа земја

1164016
Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

Американските дипломати на кои од страна на венецуелската влада им беше дадено рок од 72 часа да ја напуштат земјата, пред да истече дадениот рок ја напуштија оваа земја.

Американскиот државен серкетар Мајк Помпео во објавеното писмено соопштение истакна дека сите дипломати на САД кое се наоѓаа во Венецуела ја напуштија оваа земја.

Помпео во сопштението рече: „Знам дека ова претставува тешка ситуација за нив, бидејќи тие беа посветени за поддршка на желбите на венецуелскиот народ за живот во демократија и во подобра иднина.“

Освен тоа Мајк Помпео нагласи дека американската администрација ќе продолжи да го признава како легитимен лидер Хуан Гуаидо кој се прогласи себе си за привремен претседател на државата.

Инаку, венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза во дадената изјава во вторникот побара од американските дипломати во рок од 72 часа да ја напуштат земјата.



Слични вести