Европскиот парламент усвои неколку нацрти за спречување на застоите во случај на Брегзит без договор

Европскиот парламент (ЕП) на својата пленарна седница Стразбур, ги усвои подготвените нацрти со цел спречување на застоите во сферите на патувањето, транспортот, социјалната безбедност, образованието и рибарството, а во случај на Брегзит без договор

1163152
Европскиот парламент усвои неколку нацрти за спречување на застоите во случај на Брегзит без договор

Европскиот парламент (ЕП) во рамките на подготовките за Брегзит, одделување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), без договор, усвои неколку нацрти кои што ги содржат мерките во сферите на патувањето, транспортот, социјалната безбедност, образованието и рибарството.

На пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП) во францускиот град Стразбур, беа разгледани подготвените нацрти во случај на Брегзит без договор.

Притоа Европарламентот, ги усвои подготвените нацрти со цел спречување на застоите во сферите на патувањето, транспортот, социјалната безбедност, образованието и рибарството, а во случај на одделување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) без договор.

Согласно тоа, ќе се обезбеди студентите и наставниот кадар (учителите) кои ја продолжуваат програмата за размена на студенти Ерасмус да не бидат подложени на негативно влијание од Брегзит. На овие лица ќе им се дозволи да ги завршат своите програми за орбазование во Велика Британија и земјите на Европската унија (ЕУ).

Ќе бидат продолжени и актуелните ЕУ програми во правец на развивање на прекуграничните односи меѓу Северна Ирска и Република Ирска. 

Ќе се обезбеди да продолжат услугите меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија во воздухопловството, превозот на товар и копнениот и железничкиот транспорт.

Ќе продолжат взаемните активности меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија во рибарството.

Воедно ќе продолжи и помошта за социјално осигурување со која што се стекнале граѓаните на Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, пред разделбата.



Слични вести