И Русија го забрани влезот на авионите Боинг 737 МАКС во воздушниот простор

Овие одлуки беа усвоени како последица на паѓањето на двата авиони од типот Боинг 737 МАКС во последните шест месеци

1163557
И Русија го забрани влезот на авионите Боинг 737 МАКС во воздушниот простор

По авионската несреќа во Етиопија во која загинаа 157 лица и Русија донесе забрана за летовите на авионите Боинг 737 МАКС.

Русија нема да дозволи влез на авионите од типот Боинг 737 МАКС во воздушниот простор на земјата.

Руската воздухопловна агенција „Росавијација“ соопшти дека се забрануваат летовите на авионите Боинг 737 МАКС во воздушниот простор на Русија.

Агенцијата претходно најави дека нема да дозволи летови на авионите од типот Боинг 737 МАКС од ескадрата на руската авиокомпанија С7.

Овие одлуки беа усвоени како последица на паѓањето на двата авиони од типот Боинг 737 МАКС во последните шест месеци.

Како што е познато во неделата авионот од типот Боинг 737 МАКС кратко време по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба во Етиопија се сруши и во несреќата загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Во несреќата на ист тип авион на компанијата Лион Еир во октомври во Индонезија загинаа 189 лица.

По несреќата во Етиопија, голем број земји вклучувајќи ја и Турција ги забранија летовите на авионите од типот Боинг 737 МАКС.



Слични вести