Доналд Туск најави одложување „за долго време“ на датумот за Брегзит

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск истакна дека на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи идната недела во Брисел, ќе побара од лидерите на земјите членки за одложување „за долго време“ на датумот за Брегзит

1163670
Доналд Туск најави одложување „за долго време“ на датумот за Брегзит

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск во соопштението кое што го ибјави на својата сметка на социјалната медија истакна дека на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи идната недела во белгискиот главен град Брисел ќе упати повик до лидерите на земјите членки за одложување „за долго време“ на датумот за Брегзит (одделување на Велика Британија од ЕУ) кој што треба да се оствари на 29 март.

Велејќи дека одложувањето за кое што станува збор ќе се оствари доколку Велика Британија утврди една јасна стратегија за одделување, Туск привлече внимание на тоа дека Велика Британија треба да постигне консензус по прашањето на Брегзит, внатре во себе.

Британскиот Парламент од чија страна беше отфрлен Договорот за Брегзит постигнат меѓу Европската унија (ЕУ) и Велика Британија, со одлуката што ја донесе вчера исто така ја исклучи од можност разделбата без договор. Парламентот денеска ќе го разгледа и ќе гласа за одложување на Брегзит.

Велика Британија на одржаниот референдум на 23 јуни 2016 година, со 52 отсто гласови „за“ наспроти 48 отсто „против“ донесе одлука за Брегзит, т.ј. одделување од ЕУ.

Процесот на одвојување властите во Лондон го започнаа на 29 март 2017 година и во нормални услови на Велика Британија на 29 март треба официјално да ја напушти ЕУ.

 



Слични вести