Бројот на жртвите во вчерашните жестоки напади врз подрачјето на Идлиб се зголеми на 12 лица

Во вчерашните реализирани воздушни напади врз цивилни населени места во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, кое инаку е прогласено за „област за намалување на загетнатоста“ животот го загубија 12 цивили, а 45 цивили се ранети

1163640
Бројот на жртвите во вчерашните жестоки напади врз подрачјето на Идлиб се зголеми на 12 лица

Бројот на цивилите кои го загубија животот во вчерашните реализирани жестоки воздушни напади врз цивилните населени места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ во Сирија, се зголеми на 12 лица, а на ранетите на 45 лица. 

Центарот на градот Идлиб и населените места Хан Шејхун и Серакиб, како и селата Ел Хувејн и Ум Џелал вчера беа подложени на жестоки копнени и воздушни напади.

Екипите за цивилна одбрана во активностите за пребарување и спасување кои што ги водеа во текот на ноќта ги извлекоа мртвите тела на 12 загинати цивили.

Во нападите беа ранети и 45 цивили.

Опсерваторијата за авиони на опозиционерите на своите сметки преку социјалните медиуми ја сподели информацијата во која се вели: „Руски воени авиони од типот Су-34 кои полетаа од воената база Химејмим реалзиираат напади во целото подрачје на градот Идлиб.“

Истите воени авиони вчера наутро бомбардираа една населба со шатори во руралното подрачје на населеното место Сераким при што животот го загубија двајца цивили, а 19 цивли беа ранети.



Слични вести