Воздужен напад врз кампот на бегалците во Идлиб

Во нападот  загинаа 2 цивили, додека 19 лица беа повредени од кои повеќето беа деца

1162315
Воздужен напад врз кампот на бегалците во Идлиб

Во воздушниот напад врз бегалскиот камп во подрачјето Серакиб кое се наоѓа во рамките на зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб загинаа 2 цивили.

Во нападот кој според тврдењата беше извршен од страна на руски борбени авиони под надзор на авионската опсерваторија на опозицијата беа повредени 19 цивили меѓу кои повеќето беа деца.

Извори на цивилната заштита на Сирија (Бели шлемови) истакнаа дека во утринските часови беше извршен воздушен напад врз бегалците кои присилно беа протерани од селото Кефер Амим во месноста Серакиб во руралното подрачје југоисточно од Идлиб.

Во нападот  загинаа 2 цивили, додека 19 лица беа повредени од кои повеќето беа деца.

Во соопштението кое беше објавено преку профилот на социјалните медиуми од страна на куќата за набљудување на авионите на опозицијата беше истакнато дека руските борбени авиони од типот СУ 34 кои полетаа од воениот аеродром Химејмим, во 04.00 часот според локално време беше извршен воздушен напад.



Слични вести