Силите на Асад жестоко ја бомбардираат Туркменската планина кај Идлиб

Цел на бомбардирањата на Асадовиот режим и странските терористички групи, освен Туркменската планина, беа и населеното место Џебел Екрад и селата Наџије и Меранд и месноста Бидама кај населеното место Џизир Еш Шугур во истата област

1162830
Силите на Асад жестоко ја бомбардираат Туркменската планина кај Идлиб

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран жестоко ја бомбардираат Туркменската планина која се наоѓа во границите на зоната за намалување на безбедноста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб.

Цел на бомбардирањата освен Туркменската планина, беа и населеното место Џебел Екрад и селата Наџије и Меранд и месноста Бидама кај населеното место Џизир Еш Шугур во истата област.

Асадовиот режим во последните месеци на 2015 година со поддршката и на Русија од воздух зазеде 85 отсто од Туркменската планина.

Приближно 20 илјади Туркменци и Арапи кои живеат во областа беа принудени да се иселат во Турција.

На Туркменската планина во рацете на опозицијата се наоѓаат селата Чумерен, Келез, Исапинари, Салур, Јамади, Караманли, како и чифлизите Зејтинџик, Џиптороз и Калаба.

Синоќа режимските сили во реализираните напади во Теманије на југот на Идлиб употребија бомби со бел фосфор, а потоа извршија копнен напад врз цивилните населени места во областите Хирејтан, Анадан и Кефер Хамра во западното рурално подрачје на градот Алепо.

По неколку часа пак воени авиони, за кои што опсерваторијата на опозиционерите соопшти дека биле руски, погодија една населба за бегалци од шатори во руралното подрачје на населеното место Серакиб и притоа животот го загубија двајца цивили, а 19 цивли беа ранети.



Слични вести