Од почетокот на годината досега во Јемен поради епидемија на колера починаа 12 лица

Од почетокот на годината досега во Јемен каде што веќе приближно 8 години владее голема хуманитарна криза, поради епидемија на колера починаа 12 лица

1162514
Од почетокот на годината досега во Јемен поради епидемија на колера починаа 12 лица

Поради епидемија на колера во градот Земар во западниот дел на Јемен, од почетокот на годината досега животот го загубија 12 лица.

Халид ел-Хаџи, директорот на канцеларијата во Министерството за здравство на владата лојална на Хусите која инаку не се признава од страна на меѓународната заедница, одржа прес конференција на која истакна дека од 1 до 10 март поради колера во градот Земар животот го загубија 9 лица.

Хусите во Јемен каде што долго време како владее политичка нестабилност, од септември 2014 година досега ги држат под своја контрола главниот град Сана и некои други области.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак, од март 2015 година ја поддржуваат јеменската влада, против Хусите.

Во вооружените судири кои што владеат во Јемен повеќе од 4 години животот го загубија илјадници лица. 

Во оваа земја која се наоѓа меѓу најсиромашните земји во светот, до страотни димензии достигна и хуманитарната криза која што се повеќе расте поради граѓанската војна.

Според Обединетите нации (ОН), во Јемен каде што се доживува едната од најголемите хуманитарни кризи во светот 10 милиони лица, што претставува половина од населението, се изложени на ризик од глад.

Повеќе од 22 милиони лица имаат потреба од помош и заштита.

Во голем број сфери владее хуманитарна криза во земјата каде што поради немање пристап до чиста вода, недоволна исхрана, недостаток од лекови и медицински материјали, со секој поминат ден се  повеќе се шират и заразните болести.



Слични вести