Жан Клод-Јункер: Постигнавме правно обврзувачки договор за членот за мерките за претпазливост

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер истакна дека е постигнат заеднички правно обврзувачки договор во врска со „членот за мерките за претпазливост“ кој инаку стана причина за проблем

1161783
Жан Клод-Јункер: Постигнавме правно обврзувачки договор за членот за мерките за претпазливост

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј кои вчера се состанаа со францускиот град Стразбур по средбата лице в лице одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан Клод-Јункер истакна дека нема да има нови преговори по прашањето на Брегзит, т.ј. излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), а воедно напомена дека е постигнат заеднички правно обврзувачки договор во врска со „членот за мерките за претпазливост“ кој инаку стана причина за проблем.

Велејќи дека „членот за мерките за претпазливост“ не претставува стапица туку осиграч, Јункер застана во одбрана на тоа дека уредбата за која што станува збор во случај едната од страните да делува со лошонамерност и нуди излез (решение) на другата страна. 

Јункер алудираше и на последниот постигнат компромис со кој што е обезбедена оваа нова гаранција и рече: „Во политиката понекогаш се стекнувате со втора шанса. Ова што го направивме, би можеле да го сметате во тие рамки. Бидејќи трета шанса ќе нема.“

Тој истакна дека постигнатиот договор е најдобар и дека нема веќе да се преговара.

Подвлекувајќи дека британскиот Парламент ќе направи еден мошне значаен избор по прашањето на прифаќање или отфрлување на договорот, Јункер рече: „Изборот е јасен. Или овој договор или никогаш нема да се оствари Брегзит. Излезот на Британија (од ЕУ) треба да го оствариме прописно.“

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер исто така потсети дека новите гаранции биле прифатени и од страна на властите на Ирска.

Инаку, „членот за мерките за претпазливост“ беше формулиран за да не се постави физичка граница по Брегзит, помеѓу Северна Ирска како дел од Велика Британија и Република Ирска како членка на ЕУ.

 



Слични вести