Нетанјаху најави изградба на 23 илјади нови станови во Источен Ерусалим, во наредните 5 години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на својата сметка преку социјалната медија напиша: „Потпишавме договор со инвестиција од 1 милијарда шекели (приближно 276 милиони долари) во Ерусалим да бидат изградени 23 илјади нови станови.“

1161496
Нетанјаху најави изградба на 23 илјади нови станови во Источен Ерусалим, во наредните 5 години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека во наредните 5 години ќе бидат изградени 23 илјади нови станови во Источен Ерусалим (Кудс), кој од 1967 година се наоѓа под окупација.

Нетанјаху во објавата на својата сметка преку социјалната медија напиша: „Потпишавме договор со инвестиција од 1 милијарда шекели (приближно 276 милиони долари) во Ерусалим да бидат изградени 23 илјади нови станови.“

Бенјамин Нетајнаху во ова негово соопштение го наведе и тоа дека „Ерусалим не е место за изградба на населби, туку вечен главен град на Израел и дел од нивното 3 илјади годишното вечно постоење“.

Израелската телевизија „Канал 7“ соопшти дека договорот за кој што станува збор е потпишан меѓу министерството за финансии, администрацијата на израелските територии и локалната самоуправа на Ерусалим, а со учество и на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Согласно договорот, ќе бидат развиени населбите поврзани со стариот и новиот дел на Ерусалим (Кудс) и ќе бидат реализирани инвестиции во инфраструктурата и одделени широки простори кои што ќе бидат преуредени во работни места.

Инаку, источниот дел на Ерусалим (Кудс) беше окупиран од страна на Израел во 1967 година, а во 1981 година беше соопштено дека е анектиран кон териториите на израелската држава.

Меѓутоа, овој фрлен чекор на Израел не беше признат од страна на меѓународната заедница.



Слични вести