Меркел: Европската одбранбена политика никако не може да го замени НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес конференција со летонскиот премиер Крисјанис Каринс истакна дека одбранбената политика на Европа не може да го замени НАТО

1161433
Меркел: Европската одбранбена политика никако не може да го замени НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел по остварената средба со летонскиот премиер Крисјанис Каринс одржа заедничка прес конференција на која истакна дека одбранбената политика на Европа не може да го замени НАТО.

Меркел напомена дека со нејзиниот летонски колега Крисјанис Каринс разговараа претежно за присутните проблеми во Европската унија (ЕУ).

Велејќи дека лично верува оти заедничките стратешки способности на НАТО би можеле да доведат до подобро партнерство особено со САД, Меркел рече: „Нагласив дека европската одбранбена политика никако не може да го замени НАТО.“

Германската канцеларка напомена дека има позитивен приод и кон прашањето за изградба на заеднички брод носач на авиони на Европа и дека го смета за правилно и добро тоа што Европа ќе располага со една таква способност, поради што рече дека нејзината земја би можела да учествува во овие активности.  

Во врска со прашањето на Брегзит, т.ј. одделувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), Меркел повтори дека нејзината земја посакува да се воспостави добро партнерство со оваа земја и дека ќе направи се што е потребно за тоа.

Летонскиот премиер Крисјанис Каринс исто така нагласи дека значајно е земјите на Европската унија (ЕУ) да делуваат заедно по Брегзит и дека треба да се укинат и границите со кои што се поделени земјите на ЕУ.

Каринс посака од Европската унија (ЕУ) да биде едногласна против земјите како што е Русија и го ддоаде следното: „За да би имале тежина треба да делуваме заедно. Ако работиме заеднички ќе бидеме силни и на безбедносен и на економски план.“



Слични вести