Мајка го заборавила своето бебе во чекалната на аеродромот и авионот морал да се врати назад

Патнички авион веднаш по полетувањето од Џеда за Куала Лумпур бил принуден да направи круг и да се врати назад на аеродромот, поради тоа што една жена патник мајка се сетила дека го заборавила своето бебе во чекалната

1162076
Мајка го заборавила своето бебе во чекалната на аеродромот и авионот морал да се врати назад

Една жена патник (мајка) во авионот кој летал од градот Џеда во Саудиска Арабија за главниот град на Малезија, Куала Лумпур, откако рекла дека го заборавила своето бебе во чекалната на аеродромот, авионот бил приморан да се врати назад.

На видеото ставено платформата за споделување видео снимки „Јутјуб“ се гледа и слуша како пилотот на патничкиот авион кој летал за Куала Лумпур бара дозвола од центарот за контрола на летот во Џеда да се врати назад и да се спушти на аеродромот од каде што пред кусо време полетал.

Според вестите објавени во малезискиот печат, пилотот на видео снимката за која станува збор вели „Нека е Бог со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатаму да правиме? Патничка го заборавила своето бебе во чекалната.“ 

Контролорот на летот пак, зачуден одговара: „Добро, вратете се. За прв пат слушане вакво нешто.“ 

Потоа патничкиот авион кусо време по полетувањето повторно се вратил на аеродромот „Крал Абдул Азиз“ во Џеда.

Не беше објавено соопштение во однос на тоа како жената патник мајка го заборавила своето бебе во чекалната на аеродромот.

Видео снимката со овој досега невиден, крајно чудесен и интересен дијалог помеѓу пилотот на патничкиот авион и контролорот на летот, кусо време по внесувањето на Јутјуб е гледан од страна на 50 илјади лица.



Слични вести