Дејвид Лидингтон: Постигната спогодба околу спорниот член за мерките на претпазливост

Британскиот вицепремиер Дејвид Лидингтон истакна дека согласно измените со кои што се стекна владата ќе се спречи Европската унија (ЕУ) искористувајќи го „членот за мерките за претпазливост“ да ја приклешти Велика Британија во процесот на преговорите

1161625
Дејвид Лидингтон: Постигната спогодба околу спорниот член за мерките на претпазливост

Заменикот премиер на Велика Британија Дејвид Лидингтон во своето обраќање во Долниот дом на британскиот Парламент истакна дека во преговорите кои што продолжуваат со Европската унија (ЕУ) е постигната согласност за измени со правно обврзување во врска со спорниот „член за мерките за претпазливост“ во Договорот за Брегзит (одделувањето на Велика Британија од ЕУ).

Лидингтон напомена дека согласно измените со кои што се стекна владата ќе се спречи Европската унија (ЕУ) искористувајќи го „членот за мерките за претпазливост“ да ја приклешти Велика Британија во процесот на преговорите.

Тој додаде дека доколку Унијата делува со таква намера ќе се појави основа прашањето да се постави пред независна арбитража. 

Дејвид Лидингтон воедно истакна дека Велика Британија и Европската унија (ЕУ)постигнаа компромис и за заедничкиот механизам кој што ќе обезбеди во декември 2020 гдоина да се стави крај на валидноста на „членот за мерките за претпазливост“.

Во меѓувреме, вчера во францускиот град Стразбур се состанаа британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, а со цел заокружување на преговорите за Брегзит.

Инаку, „членот за мерките за претпазливост“ беше формулиран за да не се постави физичка граница по Брегзит, помеѓу Северна Ирска како дел од Велика Британија и Република Ирска како членка на ЕУ.

Така овој член, предвидува се до потпишување на сеопфатен трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ оваа земја да остане во рамките на Царинската Унија, а како додаток на тоа и Северна Ирска да подложи на низа различни ЕУ правила и прописи.

Оние кои се противат на „членот за мерките за претпазливост“ застануваат во одбрана на тоа дека ваквото преуредување ќе ја остави Велика Британија во процесот на преговори со ЕУ без крај.

Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе гласа за новиот предуреден Договор за Брегзит.

Во тие рамки, се очекува британската премиерка Тереза Меј пред ова гласање да го информира Парламентот по прашањето на деталите на новиот компромис. 

Поранешниот Договор за Брегзит на гласањето што се одржа на 15 јануари беше отфрлен со разлика од 230 гласа.



Слични вести