Алжирскиот претседател Бутефлика ги одложи претседателските избори и се повлече од трката

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, се истакнува дека претседателот Бутефлика ги одложил претседателските избори кои беа закажани за 18 април и ја повлекол својата кандидатура за петтиот претседателски мандат

1161400
Алжирскиот претседател Бутефлика ги одложи претседателските избори и се повлече од трката

Алжирскиот претседател Абдулазиз Бутефлика соопшти дека претседателските избори се одложени и дека ја повлекува својата кандидатура за петтиот претседателски мандат.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, се истакнува дека претседателот Бутефлика ги одложил претседателските избори и ја повлекол својата кандидатура за петтиот претседателски мандат.

Алжирскиот претседател Абдулазиз Бутефлика воедно ја распушти и владата на чело со премиерот Ахмед Ујахја и донесе одлука за одржување на конференција за дијалог.

Инаку, извесно време во Алжир се одржуваат протести поради повторното кандидирање на 82-годишниот претседател Абдулазиз Бутефлика кој дојде на власт во 1999 година и четири мандата како ја извршува претседателската функција, и за претстојните претседателски избори кои беа закажани за 18 април, и кој во последно време се соочува со здравствени проблеми.


 



Слични вести