Во нападите на Асадовите сили врз подрачјето на градот Идлиб животот го загубија четворица цивили

Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран извршија топовски и ракетни напади врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, во кои животот го загубија четворица цивили, а 6 мина се ранети

1160873
Во нападите на Асадовите сили врз подрачјето на градот Идлиб животот го загубија четворица цивили

Во реализирани напади од страна на силите на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран врз цивилните населени места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“ во Сирија, животот го загубија четворица цивили, а 6 мина се ранети.

Синоќа беа извршени жестоки топовски и ракетни хапади врз населените места Хан Шејхун, Серакиб,и Кеф Ренбил, селата Ум Џелал, Ел Халахил и Хан Ес Субул и месностите Ел Темније и Ел Тух во подрачјето на градот Идлиб и врз населените места Латемине и Кефер Зита во северното рурално подрачје на градот Хама.

Директорот за Цивилна одбрана (Белите беретки) во Идлиб Мустафа Хаџ Јусуф, изјави дека  синоќа беа реализирани 51 ракетен напад врз населеното место Хан Шејхун во југоисточниот дел на Идлиб и дека во овие напади животот го загубија четворица цивили, а 6 мина беа ранети меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.

Режимските сили вчера погодија еден центар за цивилна одбрана во населеното место Морик кај градот Хама кое што беше вклучено кон границите на областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб. Притоа во нападот загина еден вработен во центарот за цивилна одбрана.

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран врз цивилните население места во границите на „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“, што значи прекршување и на договорот од Сочи, од почетокот на годината досега, животот го загубија најмалку 121 цивил, а повеќе од 348 мина цивили се ранети.

 



Слични вести