Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 20 војници, а 10 се ранети

Претседателот на градскиот совет на Бадгис Абдул Азизи Бек изјави за новинарите дека талибански милитанти извршиле напад на воена станица во Бала Мургаб и дека притоа загинале 20 војници, а 10 војници биле ранети

1161147
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 20 војници, а 10 се ранети

Во реализиран напад од страна на талибански милитанти на воена станица во провинцијата Бадгис во Авганистан, загинаа 20 војници, а 10 војници се ранети.

Претседателот на градскиот совет на Бадгис Абдул Азизи Бек изјави за новинарите дека талибански милитанти извршиле напад на воена станица во Бала Мургаб и дека притоа загинале 20 војници, а 10 војници биле ранети.

Бек истакна дека освен тоа талибанските милитанти заробиле 28 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од Талибан пак, се вели дека по нападот била воспоставена контролата во 3 воени станици и дека биле заробени 28 војници.



Слични вести