Протести во Холандија против климатските политики на владата

Демонстрантите освен тоа што ги критикуваат климатските политики на владата исто така бараат да преземе поефикасни политики во борбата против климатските промени

1160634
Протести во Холандија против климатските политики на владата

Околу 35 илјади лица во Холандија се собраа во Амстердам и одржаа протести против климатските политики на владата.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Дам под мотото „Марш за климата“. Протестите се одржуваат под покровителство на различни невладини организации.

На протестите учествуваа демонстрантите од сите возрасти и користејќи ги главните патишта маршираа кон плоштадот на Музејот.

Демонстрантите освен тоа што ги критикуваат климатските политики на владата исто така бараат да преземе поефикасни политики во борбата против климатските промени.

На протестите што се одржаа под дожд, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „На Марс има живот. Не, благодарам.“, „Чувајте го светот чист бидејќи семињата нема да растат.“, „Чувајте ги идните генерации.“, „Глобално предупредување, преземи акција.“ и „Спаси ја климата пред да биде доцна“.

За време на маршот на демонстрантите беа преземени засилени безбедносни мерки по целата маршрута, а исто така беа затворени некои патишта во центарот на градот.



Слични вести