Во Етиопија се урна патнички авион со 149 патници и 8 членови на екипажот

Во урнатиот патнички авион во сопственост на етиопската авиокомпанија се наоѓале вкупно 157 лица од кои 149 патници и 8 членови на екипажот и како што се вели нема преживеани во несреќата

1160469
Во Етиопија се урна патнички авион со 149 патници и 8 членови на екипажот
etiyopya.JPG
etiyopya.JPG

Се урна патнички авион на етиопската авиокомпанија „Етиопијан ерлајнс“ („Ethiopian Airlines“)  кој полетал од главниот град на Етиопија, Адис Абеба и летал за главниот град на Кенија Најроби.

Како што се истакнува, во патничкиот авион кој се урнал 6 минути по полетувањето се наоѓале 149 патници и 8 членови на екипажот и несреќата се случила во близина на Дебре Зеит на 50 километри јужно од етиопскиот главен град Адис Абеба.

Информативната државна институција "EBC" соопшти дека немало спасени од 157 лица колку што се наоѓале вкупно во авионот и дека се наоѓале државјани на 33 земји.

Портпаролот на авиокомпанијата исто така истакна дека меѓу жртвите имало 32'јца државјани на Кенија и 17 државјани на Етиопија.

Премиерот на Етиопија Абиј Ахмедказада и претседателот на Кенија Ухуру Кенјата го изразија своето сочувство до семејствата на загинатите во несреќата.

Засега не е позната причината поради уривањето на патничкиот авион од типот "Боингот 737 МАКС".

Како што се вели државната авиокомпанија на Етиопија „Етиопијан ерлајнс“ („Ethiopian Airlines“) е едната најдобрите авиокомпании во Африка.



Слични вести