Расистичка интервенција врз жените со хиџаб во Франција

Француската општина Безиерс фрли потпис на една скандалозна одлука со која не им дозволи на муслиманските жени со хиџаб да отворат штанд на една манифестација по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената

1159973
Расистичка интервенција врз жените со хиџаб во Франција

Општината Безиерс во Франција изврши расистичка интервенција на жените со хиџаб кои за време на една манифестација по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената сакаа да постават штанд.

Во објавеното писмено соопштение од Општината беше истакнато дека им било забрането на жените со хиџаб да отворат штанд за време на една манифестација која што била организирана во градот по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената.

Во соопштението се застанува во одбрана на тоа дека не може да се прифати учеството на жените со хиџаб  на манифестацијата и дека тоа е во спротивност со вредностите на Франција.

Во писменото соопштение објавено од страна на Опсерваторијата за расизам и исламофобија (ОРИВ) пак, беше покажана реакција на одлуката на општината.

Во соопштението се нагласува дека спротивно на она што се наведува во францускиот печат и во општеството муслиманските жени хиџабот го носат по сопствена слободна волја и желба.

Исто така се покануваат Французите да покажат дека не го одобруваат овој скандал и оваа одлука која е во спротивност со слободата на човекот.



Слични вести